Одделениeто за државна инспекција за храна од неживотинско потекло ги врши следните работи:
- извршува задачи што се однесуваат на контрола на храната од неживотинско потекло, производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, преку следењена спроведувањето на прописите од областа на храната и непосредно учествуваво управувањето со ризикот од храна од неживотинско потекло,
- ги следи извршените активности на инспекторите за храна од неживотинско поткло,
- собирање и евалуација на податоците од извештаите на инспекторите за храна од неживотинско потекло на месечно и годишно ниво,
- подготвува планови за работа за официјални контроли,
- учествува во подготовка на повеќегодишни планови на официјалните контроли,
- учествува во подготовката и спроведувањето на кризните планови поврзани со кризите настанати од небезбедна храна (кризи настанати при елементарни непогоди, кризи настанати при труење со храна, кризи настанати при пласирање на пазарот на небезбедни производи),
- подготовува планови и организација на тематски, сезонски или друг вид краткотрајни активности на инспекторите,
- учествува во подготовката на план за континуирана едукација на инспекторите,
- води база на податоци од контролата и резултатите од извршените контроли, по региони и по извршители,
- врши контрола на храната, и производите и материјалите што доаѓаат во контакт сохраната во сите фази на производство, преработка, складирање и дистрибуција,
- води евиденција на податоците во однос на безбедноста на храната ипроизводите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната.