IPA

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) нуди помош за земјите вклучени во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ) за периодот 2007-2013 година. Целта на ИПА е да се подобри ефикасноста и кохерентноста на помошта преку единствена рамка да се зајакне институционалниот капацитет, прекугранична соработка, економскиот и социјалниот развој и руралниот развој, вклучени во пет ИПА компоненти. Претпристапната помош го поддржува процесот на стабилизација и асоцијација на земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати за членство во Европската унија, истовремено почитувајќи ги нивните специфични карактеристики и процеси во кои тие се ангажирани.

За остарување на целите на инструментот, ИПА ќе продолжи со понатамошни активности во период 2014-2020, со таканаречен ИПА 2 пакет.

Агенцијата за храна и ветеринарство е дел од Оперативната структура за децентрализирано управување и имплементира проекти од првата ИПА Компонента - Помош при транзиција и институционална надградба, со која се обезбедува помош за градење на капацитетите на институциите и поддршка за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, поврзани со усвојувањето и имплементација на законодавството и политиките на ЕУ.

За подетално запознавање за значењето на ИПА инструментот, целокупната документација, програми и проекти може да го искористите сајтот на Секторот за европски прашања на следниот линк: http://www.sep.gov.mk/content/?id=19

  • ИПА проекти во АХВ

 

IPA Изминати настани