Ритуално колење
Колење на животни во религиозни обреди
„Религиозен обред“ се серија на постапки при колење на животни кои се прават од религиозни причини во согласност со одредени верски обреди од религии кои се официјално признаени во Република Македонија.
При колење на животни во религиозни обреди треба:
- При процесот на колење, животните треба да бидат поштедени од вознемирување, болка или страдање.
- Колењето, убивањето и придружните операции во кланици се врши само од страна на стручни лица на начин со кој се избегнува предизвикување на непотребна болка, вознемиреност или страдање.
- Колењето на животни надвор од кланица е дозволено само доколку животните не покажуваат знаци на нарушена здравствена состојба и месото е исклучиво наменето за користење за сопствена потрошувачка во сопственото домаќинство.
- Животните се убиваат само по нивно омамување извршено согласно одобрените методи за омамување од Правилникот за начин и постапување на животните за време на убивање, при што животните треба да останат омамени се до нивното угинување. Најупотребувани методи за омамување во пракса е омамување со електична енергија или со пенетрирачки Шермеров пиштол.
- По исклучок во случај на колење во религиозни обреди може да не се применуваат методите на омамување доколку колењето се врши во кланица и по претходно одобрување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.