Агенцијата за храна и ветеринарство започна со работа на 1 јануари 2011 година како независен орган на јавната администрација.
Агенцијата врши работи поврзани со дизајнирање политика за безбедност на храна и добиточна храна и ветеринарни прашања, спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности од областа на здравствената заштита на животните, нивната благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на националните референтни лаборатории и овластени лаборатории кои ги поддржуваат потребите на Агенцијата.