Агенцијата за храна и ветеринарство одговори на барањето на стручните служби од Одделението за јавни дејности при Општина Виница за одржување на интерактивна работилница на тема “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”. На работилницата која се одржа во детската градинка “Гоце Делчев” во Општина Виница, учествуваа 80 лица од вработениот персонал во градинките и родители на деца.
Стручниот тим на Агенцијата презентираше теми кои се однесуваат на улога на вработениот персонал во кујните, улогата на родителот, можни опасности во храна, сомнеж при труење, интегриран пристап во справување при евентуални труења, стандарди за исхрана, алергени во храна, статистички податоци за бројот на труења во Македонија и Европа. Објаснета беше и улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство како орган на државната управа и незините надлежности, бесплатната линија за потрошувачи на АХВ, а презентирани беа и стручни публикации кои ги издава АХВ.