Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почна нов циклус обуки за безбедноста на храната во градинките

06.10.2023
Почна нов циклус обуки за безбедноста на храната во градинките

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со реализација на циклусот обуки за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи. Трети октомври, обуката ја следеше вработениот готварски кадар и директорот на градинката “Гоце Делчев” од Општина Илинден.

Целта на обуката е да се превенираат инциденти поврзани со храна, опасности во храната, правилна примена на НАССР принципи согласно Законот за безбедност на храна. Обуките за обновување и стекнување на нови знаења за безбедноста на храната во градинките почнаа во 2022 година.
 

Ознаки
Категорија