Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Регистрирање на објекти и оператори со храна од животинско потекло

ПРЕВЗЕМАЊЕ СОДРЖИНИ

Содржината од документите на нашиот Google-Drive-Share можете да ја отворите и едитирате доколку имате инсталирано соодветен Google-Drive-Docs-Plugin, или да ја превземете доколку кликнете на иконата за превземање, или доколку одите во менито File > Download и одберете во кој формат да го превземете документот.

Повеќе информации на Google Drive Download Help

Aктивности  и оператори со храна кои подлежат на регистрација се:

  1. било која фаза од производство, обработка и дистрибуција на храна од животинско потекло; 
  2. примарно производство;
  3. транспортирање;
  4. складирање на производи кои не бараат температурно контролирани услови за складирање;
  5. малопродажни постапки кои се состојат само од складирање или транспорт, во кој случај сепак ќе се применат посебните температурни услови, или снабдувањето со храната од објекти за малопродажба до други објекти со маргинална, локализирана и ограничена активност,

Постапката на регистрација е следна!

Пополнетото барање со потребната документација се поднесува во архивата на соодветната подрачна единица на Агенцијата за храна и ветеринарство и истата документација е објавена на следната [врска]

 

По извршената проверка на документацијата, операторите со храна се евидентираат во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна и се издава извод од регистарот, со доделен регистарски број за идентификација.

При спроведување на официјалните контроли на објектите официјалните ветеринари од АХВ вршат увид и ги споредуваат податоците од регистрацијата со фактичката состојба во објектите.

Агенцијата тековно води Регистар на операторите со храна и објектите кои се регистрирани, со релевантните информации и истиот е достапен на јавноста на веб страницата на Агенцијата [врска]

 

Законодавство:

  • Закон за безбедност на храната („Службен  весник  на Република Северна Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18) [врска]
  • Правилник за формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло, формата и содржината на регистарот на објекти и оператори со храна од животинско потекло, формата и содржината на барањето за регистрација и начинот на регистрација на операторите со храна и објектите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 49/2011, 152/2011, 15/2012 и 112/2012) [врска]
  • Правилник за општите барања за примарно производство и придружните операции како и општите барања за храната (Сл. весник на РМ бр. 12/2012) [врска]
  • Правилник за процедурите за применување на HACCP принципите од страна на операторите со храна како и начинот на верификување на овие процедури од надлежниот орган („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.113/2008) [врска]
  • Правилник за условите за директно снабдувањеод страна на производителот на мали количества примарни производи до крајните потрошувачи или до локалните малопродажни трговци кои директно го снабдуваат крајниот потрошувач како и општите и посебните барања за локализирана активност за операторите со храна од мал обем („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/2013) [врска]