Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Овластување на правни лица за ставање во промет на средства за идентификација

Овластувањето на правните лица за ставање во промет на средства за идентификација

Овластувањето на правните лица за ставање во промет на средства за идентификација го врши Агенцијата. За да добијат овластување правните лица треба да ги исполнуваат следни услови:

  1. Да поднесат барање до Агенцијата
  2. Да пуштаат во промет средства за идентификација согласно член 12 од Закон за ИиР [врска] (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
  3. Треба да се придружуваат до условите и роковите од Законот за ИиР [врска] (сл.в. 95/12, 27/14, 149/15,53/16)
  4. Да не ги злоупотребуваат средствата за идентификација
  5. Да ја достават следнава документација:
  • Тековна состојба од Центарен регистар на Република на Македонија;
  • Доказ за лична состојба (документи не постари од шест месеци)
    •  на понудувачот да не му е изречена привремена или трајна забрана за вршење на дејноста;
  • Изјава за сопственост или договор за користење на простор под закуп за складирање на средства и опрема;
  • Податоци за просторот во форма на скица каде ќе се чуваат средставата за идентификација;
  • Изјава за техничка подготвеност да се поврзат со електронската база на податоци за што треба да поседуваат компјутер и стабилна интернет врска;
  • Изјава дека ги прифаќа, разбира и исполнува барањата и постапките пропишани со Законот за идентификација и регистрација на животните и подзаконските прописи донесени врз основа на тој закон.

Правилник за обврските и условите кои треба да ги исполнуваат правните лица за ставање во промет на средствата за идентификација на животни во однос на просториите, опремата, како и условите и роковите за ставање во промет на средства за идентификација (сл.в. 18/13) [врска]