Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло

Операторите со храна кои сакаат да започнат со активност на производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло, со цел нејзино ставање во промет потребно е да бидат одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Во зависност од активностите кои ги вршат објектите и операторите со храна кои се предмет на постапка на одобрување се поделени во :

  • Секција 0.Објекти со општа активност (ладилници, објект за препакување, објекти за продажба на големо)
  • Секција 1.Месо од домашни чапункари (кланица, објект за расекување),
    • Секција 2.Месо од живина и лагоморфи (кланица, објект за расекување
    • Секција 3.Месо од фармски одгледуван дивеч (кланица, објект за расекувањe)
  • Секција 4.Месо од дивеч (објект за обработка на дивеч, објект за расекување)
  • Секција 5. Мелено месо, месни подготовки и механички обескоскено месо
  • Секција 6. Производи од месо (објект за преработка),
  • Секција 8. Производи од риба (објект за преработка),
  • Секција 9. Сурово млеко и производи од млеко (објект за преработка, собирен центар),
  • Секција 10. Јајца и производи од јајца (собирен центар, центар за сортирање и пакување на јајца)
  • Секција 11. Копани од жаба и полжави (објект за преработка),
  • Секција 12. Топена животинска маст и чварки(објект за преработка),
  • Секција 13. Обработени желудници, мочни меури и црева (собирен центар, објект за преработка),
  • Секција 14. Желатин (објект за преработка),
  • Секција 15. Колаген (објект за преработка),
  • Секција 16. Мед (објект за преработка).

Постапката на одобрување е следна!

Во архива на Агенцијата за храна и ветеринарство се поднесува пополнетото барање (Образец бр.7) со комплетна документација објавена на веб странивата на Агенцијата на следната [врска]

Пред да се издаде одобрението односно решението за одобрение на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло, Агенцијата врши увид на лице место преку стручна комисија формирана од страна на .директорто на Агенцијата. 

Агенцијата го одобрува објектот за бараните активности само доколку операторите со храна докажат дека ги исполнуваат хигиенските барања за храната и други барања утврдени со овој закон и прописи донесени на основа на овој закон.

Агенцијата издава времено одобрение доколку од увидот на лице место се утврди дека објектот ги исполнува сите барања за инфраструктурата и опремата.

Трајно одобрение издава само доколку при повторен увид на лице место спроведен по три месеци од издавањето на временото одобрение, се утврди дека објектот ги исполнува сите барања за одобрување.

Доколку е направен очевиден напредок, но објектот сеуште  не ги исполнува сите услови, Агенцијата може да го продолжи временото одобрение, но најмногу за период од шест месеци.

Агенцијата тековно води Регистар на операторите со храна и објектите кои се одобрени, со нивните поединечни броеви на одобрение и други релевантни информации и истите ги прави достапни на јавноста на веб страницата на Агенцијата. [врска]

 

Законодавство:

Листа на законски и подзаконски акти кои ја уредуваат постапката на одобрување е наведена кај (Образец бр.7) во делот на потребната документација за поднесување на барање за одобрување. [врска]

 

Наведените законски и поздаконски акти  се објавена на веб страицата на Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот на прописи односно на следнава [врска]