Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Заштита и благосостојба на животни кои се чуваат за експериментални цели и едукација

Одгледувачите на животни кои се чуваат за научни цели снабдувачи и корисниците треба да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Проектите за експерименти со животни треба да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Релевантни законски акти кои ја уредуваат областа се Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за заштита и благосостојба на експериментални животни

 

Одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели снабдувачи и корисници

Одгледувачите на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачите и корисниците треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Одобрението од став се издава по извршена контрола на лице место при што се утврдува дали одгледувачот на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачот или корисникот и нивните објекти ги исполнуваат условите по однос на:

  • просториите
  • опремата и инсталациите
  • видовите на животни
  • ангажирање на лице одговорно да обезбеди исполнување на одредбите утврдени во овој закон и доктор по ветеринарна медицина или квалификувано лице
  • барањата за персоналот, нивната стручност и нивните задачи

Агенцијата за храна и ветеринарство води регистер на одобрени одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници. Регистерот може да го преземете тука [врска].

Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете на следнава [врска].

 

Одобрување на проект за експерименти со животни

Агенцијата врши одобрување на проектите по спроведена постапка на евалуација на проектот. Агенцијата спроведува постапка за евалуација за секое доставено барање за одобрување на проект за да утврди дали проектот ги исполнува следните критериуми:

  1. проектот е оправдан од научен или едукативен аспект или представува обврска утврдена согласно закон;
  2. целта на проектот го оправдува користењето на животни;
  3. постапките во проектот се спроведуваат на хуман начин и на начин кој не ја загрозува животната средина;

Агенцијата за храна и ветеринарство води регистер на одобрени проекти. Регистерот може да го преземете тука [врска].

Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете на следнава [врска].

Правилникот за заштита и благосостојба на експериментални животни може да го преземете тука [врска].

 

Записник за регистрација на експериментални животни

Записник за регистрација на одгледувачи на животни кои се чуваат за научни цели, снабдувачи и корисници [врска].