Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

slide

Атанасов го посети рибникот Дошница

27.10.2020
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес го посети рибникот “Дошница” во демиркапиското село Чфлик, кој деновиве од Агенцијата за храна и ветеринарство доби одобрение да биде карантински објект за риби. Станува збор за објект каде ќе се спроведува карантин за оплодена икра од пастрмки со цел обезбедување на безбедносни услови да се одгледаат и на пазарот да се пласираат риби од видот пастрмка кои се безбедни и кои ги исполнуваат највисоките стандарди за здравствена заштита од болести кај овие животни од аквакултурата.

Одржан првиот состанок со експертите од Националниот совет за безбедност на храна

20.10.2020
Во насока на зајакнување на националните капацитети за проценка на ризик во областа на безбедноста на храната и храната за животни, денес Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одржа првиот состанок со експертите во научните панели, членови на Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Правилниците за директно снабдување презентирани и пред Платежната агенција и Министерството за земјоделство

15.10.2020
Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство денес на Факултетот за земјоделски науки и храна одржаа работен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип

08.10.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство ги извести одгледувачите на живина, ветеринарните и ловните друштва да ги засилат биосигурносните мерки на фармите надзорот кај дивите птици поради опасноста од пренесување на вирусот на птичји грип во земјава преку преселните птици. Болеста е присутна кај домашните и дивите птици во Западна Русија и Северен Казахстан, каде во одредени области престојуваат неколку видови птици преселници, пред да се преселат во области каде презимуваат, а кои вклучуваат и делови од Европскиот континент. 

Извештај на Европската комисија за 2020 година

08.10.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува и понатаму со напредокот на патот за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. За остварениот напредок и во текот на 2020 година Агенцијата доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија. Напредокот е забележан во бројни области во надлежност на Агенцијата. Како што е истакнато и во самиот Извештај на Европската комисија за 2020 година, објавен на 6ти октомври 2020, земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а посебно се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето висок степен на здравствената заштита на животните, согласно високите ЕУ стандарди и барања, што преставува и една од стратешките цели на Агенцијата. 

Соработката на институциите и бизнисот клучни за развој на економијата

06.10.2020
Во рамки на редовната комуникација со бизнис операторите, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оствари работна средба со  менаџментот и претставници на фабриката за кондиторски производи ,,ЛИОН" од  Свети Николе.

Доставено досието до ОИЕ за прогласување на земјава за слободна од класична чума кај свињите

01.10.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство денес, до Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ го достави Досието со кое кај оваа светски реномирана  организација официјално аплицираше за добивање на статус на Република Северна Македонија за земја слободна од болеста  класична свинска чума, една година по донесувањето на решението со кое се прекина превентивната вакцинацијата на свињите против оваа болест.

ФАО: Вториот состанок за АСЧ посветен на ловот на диви свињи

01.10.2020
И покрај ограничувањата во патувањето и средбите лице в лице заради глобалната пандемија КОВИД-19, ФАО продолжи да ги здружува партнерите преку Интернет, за да разговараат за Африканската свинска чума  - смртоноснo, вирусно, прекугранично заболување кај домашните и дивите свињи, против кое нема вакцина. Фокусот на состанокот кој се одржа вчера беше ставен на дивите свињи, ловот и ловната биосигурност.

АХВ го одбележа 28 Септември- Светски ден на борба против беснило

28.09.2020
Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје

Отворена манифестацијата Денови на македонскиот мед

24.09.2020
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, беше дел од 16 манифестација „Денови на македонскиот мед“, која традиционално се одржува во центарот на Скопје. Манифестацијата ја отворија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. 

Бруцелозата под контрола, од идната година задолжителна вакцинација против син јазик

23.09.2020
Од 2021 година вакцинацијата против болеста син јазик кај овците, козите и говедата ќе биде задолжителна,  на трошок на одгледувачите, и ќе претставува услов за добивање субвенциии. Бруцелозата е ставена под контрола, а чума кај малите преживари нема поради што земјава и официјално достави барање за добивање меѓународно признат статус „слободна“ од оваа болест.

Правилниците за директно снабдување презентирани и пред жителите на Крушево И Демир Хисар

11.09.2020
Со учество на повеќе од шеесетина фармери од Крушево и Демир Хисар, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола ги продолжија теренските активности за промоција на новите подзаконски акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите.

Фармерите легално ќе продаваат од дома, АХВ со правилниците директно на терен

10.09.2020
Фармерите и малите производители ќе можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи со додадена вредност без да зависат од откупувачите. Но, притоа, мора да ги исполнуваат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми за производство и ставање во промет на храна.

Засилените контроли одамна се дел од работењето на АХВ

06.09.2020
Паушални и непроверени се наводите за потребата од поголема контрола на безбедноста на храната од страна на државните институции, особено во услови на пандемија со Ковид 19. Построгите контроли за кои како потреба алармирале експертите на неодамна одржаната меѓународна конференција за квалитет и безбедност на храна во Охрид, треба да знаат дека тие одамна се спроведуваат и се дел од секојдневните активности на Агенцијата за храна и ветеринарство и подеднакво се однесуваат на домашното производство и прометот и на храната која се увезува во земјава.

Прирачникот за операторите со храна во градинките нова алатка за безбедна храна за децата

27.08.2020
Агенцијата за храна ветеринарство во соработка со Организацијата на  потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година изработи Прирачник за оператори со храна во предучилишни установи.

ФАО: Нови функции на мобилната апликација на ФАО и MammalNet за откривање на африканска свинска чума кај дивите свињи

27.08.2020
Во рамки на напорите за рано откривање и реагирање на болестa африканска свинска чума, Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, заедно со проектниот тим MammalNet, додадоа нови функции во бесплатната мобилна апликација iMammalia, со цел навремено известување за пронајдени трупови на диви свињи низ Балканот и пошироко. Апликацијата, која веќе се користи во Европа, првично беше дизајнирана за лесно снимање и евидентирање на присуството на цицачи.