Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

efsa

Проценка на мерките за контрола на болестите од категорија А од Законот за здравствена заштита на животните на ЕУ: Њукастелска болест

13.12.2021
Европската комисија и додели мандат на Европската агенција за безбедност на храна да направи проценка на ефикасност на некои од мерките за контрола на болести кои се наоѓаат на листата на категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за трансмисивни болести кај животните (‘Закон за здравствена заштита на животните на ЕУ’).

Збирен извештај на Европската унија за надзор на присуство на ТСЕ зa 2020 година

03.12.2021
На 30 ноември 2021 година Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) го објави збирниот извештај на Европската унија за надзор на присуство на Трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2020 година

Експертизата на ЕФСА како поддршка на политиката “Едно здравје”

21.05.2021
Европската Агенција за безбедност на храна го објави едиторијалот на тема „Експертизата на ЕФСА ја подржува политиката на пристапот „Едно здравје“. Во едиторијалот ЕФСА ја нагласува за соработка помеѓу различните научни дисциплини.

Заштита на пчелите: нов чекор во проценката на ризик

21.05.2021
На барање на Европскиот парламент, Европската агенција за безбедност на храна иницираше развој на холистичка проценка на ризик за повеќе фактори кај пчелите кои се чуваат за производство на мед. За таа цел, креиран е системски заснован пристап кој е составен од две основни компоненти: систем за следење и систем за моделирање, при кој како пример се земаат пчелите кои се чуваат за производство на мед.

ЕФСА – јавен повик

16.03.2021
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и Европска Агенција за хемикалии (ECHA) објавија јавен повик за развој на Упатство за влијанието на третманот на водата врз резидуите од пестициди и биоциди што можат да бидат присутни во природната вода наменета за производство на вода за пиење.

Јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната

12.03.2021
​​​​​​​Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната. Во овој документ се опфатени научните податоци кои ќе бидат вклучени во апликациите за добивање одобрение за нови ензими во хранта, како и за продолжување на постоечките одобренија, а кои се доставуваат во соглсаност со Регулативата (ЕК) Бр. 1331/2008 и поврзаните имплементирачки акти.

Европска конференција за Xylella fastidiosa

03.03.2021
Во периодот од 26 до 30 април 2021 година Европската агенција за безбедност на храна ја организира третата европска конференција за Xylella fastidiosa во чии рамки ќе организира и последниот состанок на XF-ACTORS, истражувачки проект во рамките на EU Horizon 2020 посветен на оваа патогена бактерија кај растенијата.

Хармонизирано означување на предната страна на пакувањето и ограничувања во однос на тврдењата за храна

23.02.2021
На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) треба да обезбеди научно мислење со цел да даде поддршка во развојот на идниот систем за обележување на храната на предниот дел од пакувањето кој ќе се користи на целата територија на Европската унија.

Препораки за подобрување на мониторингот кај инфекцијата предизвикана од SARS-CoV-2 (coronavirus) кај феретки и другите животни од фамилијата мустелиди

23.02.2021
По епидемијата предизвикана од SARS-CoV-2 на фармите со феретки низ цела Европа во 2020 година, Европската комисија побара од Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) да подготват научен извештај во кој ќе предложат повеќе опции за подобрување на стратегиите за мониторинг, кои ќе помогнат во контролата на ширењето и спречувањето на SARS-CoV-2 вирусот кај животните од фамилијата мустелиди (Mustelidae). Во оваа фамилија припаѓаат феретките, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. 

Научно мислење за проценка на мерките за контрола на болести од категорија А од Законот за здравствена заштита на животните: Високо патогена авијарна инфлуенца

29.01.2021
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) доби мандат од Европската комисија за проценка на ефективноста на некои од мерките за контрола на болестите од категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за преносливи болести кај животните („Закон за здравствена заштита на животните“).

Ревизија на постојните максимални нивоа на резидуи за киноксифен

09.12.2020
На барање на Европската Комисија,  а согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) изврши ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска Унија за резидуи од активната супстанца на пестицидот киноксифен. 

Извештај на Европската унија за надзор за присуство на трансмисивни спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2019 година

24.11.2020
Европската агенција за безбедност на храна подготви извештај во кој се содржани деталните резултати од спроведените активности за надзор на трансмисивните спонгиформни енцефалопатии (ТСЕ) во 2019 година во 28 земји членки на Европската унија и 6 земји кои не се членки на ЕУ (Северна Македонија, Црна Гора, Исланд, Норвешка, Србија и Швајцарија), како и активностите поврзани со генотипизација на податоците за овци.

EFSA додели сертификат на Агенцијата за храна и ветеринарство

17.11.2020
Како партнер во спроведувањето на регионалната кампања, Европската агенција за безбедност на храна и додели сертификат на Агенцијата за храна и ветеринарство како благодарница за заедничкиот вложен труд и посветеноста во насока на подигнувањето на јавната свест и спречувањето на ширењето на оваа болест која со големи економски последици.

Благосостојба на говеда за време на колење

10.11.2020
На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна објави научно мислење на тема проценка на благосостојбата на говеда за време на колење. Научното мислење е засновано врз најсовремени научни студии и истражувања, а следува по проценките на благосостојба на живина, зајаци и свињи за време на колење.

ЕФСА изврши евалуација на соодветноста на постојните упатства за микробиолошка карактеризација и проценка на ризик по животната средина од микроорганизми добиени преку синтетичка биологија

29.10.2020
На барање на Европската комисија, Европската Агенција забезбедност на храна (ЕФСА) изготви мислење за влијанието кое примената на синтетичка биологија при производство на земјоделски производи би го имала во блиска иднина, како и тоа, дали дали примената на оваа технологија се очекува да претставува потенцијален ризик и опасност за животната средина. Покрај тоа, од ЕФСА беше побарано да направи проценка на соодветноста на постојните упатства за проценка на ризик и по потреба да извши ажурирање на истите.

Измена на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи од флуроксипир (fluroxypyr) во лук власец, листови целер, магдонос, мајчина душица, босилек и јастиви цвеќиња

27.10.2020
На барање на Европската Комисија, Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), направи ревизија на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) од флуроксипир (fluroxypyr) во одредени земјоделски производи.

Ревизија на постојните максимално дозволени нивоа на pyroxsulam

26.10.2020
Согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска унија за резидуи од активната супстанца pyroxsulam.