Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Општи услови кои важат за сите видови животни

Со Законот за заштита и благосостојба на животните се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, условите кои треба да ги исполнат кланиците во однос на заштита и благосостојба на животните при колење и убивање, заштита и благосостојба на домашните миленици и бездомни животни, животни во зоолошки градини и животните кои се користат во експериментални или едукативни цели

Целта на законот е лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба да обезбедат:

  • животните да не се изложени на глад и жед;
  • животните да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид;
  • животните да се заштитени од болка, повреда или болест;
  • на животните да им е овозможено нормално однесување;
  • животните да не се изложени на страв и вознемиреност

Општите услови кои важат за сите видови животни се наведени во ставот (4) од Законот.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го преземете на следнава [врска].