Одделението како редовни активности ги спроведува активностите поврзани со реализација на Годишната Програма за мониторинг на безбедноста на храната во Република Северна Македонија. (Службен Весник на РМ бр. 192/16), можете да ја преземете тука, исто така превзема активности кои се однесуваат на постапката на одобрување на здравствените тврдења кои се користат во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната.
Одделението изготвува извештаи за сите активности и анализа за сите добиени резултати од лабораториските испитувања на мострите храна кои се земени во рамки на Програмата и за вкупниот број на решени барања за одобрување на здравствени тврдења кои се користат во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната.
Целта на годишната програма за мониторинг е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување на присуство на резидуи од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, мониторирање на можно присуство на ГМО храна, мониторирање на органските производи, утврдување на безбедноста на храна за различни други параметри, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.
За реализацијата на Програмата за мониторинг на безбедноста на храната во Република Северна Македонија превземени се голем број на активности од планирање и подготовка на документот, до детално планирање на месечна основа на активностите на инспекторите за храна, за земање на мострите, можете да ја преземете [врска]
- Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна за 2018 година [врска]
Обврски на операторот со храна од неживотинско потекло
Операторот со храна поднесува Барање за одобрување на здравствено/и тврдења.
Во прилог на барањето подносителот треба да достави:
- мислење од Европската агенција за безбедност на храната (ЕFSA) во однос на здравственото тврдење за кое се бара одобрување;
- копија од истражувачка работа, вклучувајќи, кога е достапна, и независна ревизија за истата, која била извршена во однос на здравственото тврдење и секаков друг материјал кој е достапен за да се покаже дека здравственото тврдење е во согласност со критериумите утврдени во Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната;
- укажување на информации кои треба да се сметаат за сопственички, придружени со оправдување кое може да се потврди;
- копија на други научни истражувања (научни трудови објавени во релевантни списанија), кои се релевантни за тоа здравствено тврдење;
- модел на означување на производот или модел на материјал за презентирање или рекламирање на производот;
- доказ дека се покриени трошоците за постапката за одобрување на здравственото тврдење (уплатница од 400 ден.).
Легислатива
Правилник за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување, презентација и рекламирање на храната (Сл. Весник на Р.М. бр. 65/2013) можете да го преземете тука [врска] (согласно член 29 став 5 од Законот за безбедност на храна Сл. Весник на Р.М. бр.65/2013). Во одделението се водат електронски регистри на одобрени и не одобрени здравствени и нутритивни тврдења кои редовно се ажурираат на веб страната на Агенција за храна и ветеринарство.