Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА:Собрание за истражување на проценка на ризик

02.11.2017
ЕФСА:Собрание за истражување на проценка на ризик

На 7 февруари 2018 година во Утрехт, Холандија, Европската Агенција за Безбедност на Храна (EFSA) организира Собрание за истражување на проценка на ризик (RARA). Собранието е предвидено да се одржи како динамичен и интерактивен настан на кој експертите од EFSA и претставниците на националните истражувачи институции ќе имаат можност да дискутирааат на тема “Проценка на ризик во однос на безбедност на храната” и учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги претстават во вид на постер или кратка презентација. Во исто време, една од клучните дискусии ќе се однесува на можните начини за финансирање на истражувачките проекти од областа на проценката на ризик по безбедност на храната.
Организирањето на овој настан има цел да даде поддршка на EFSA, нејзините партнери и истражувачите да се обезбедат дека постои значителен и ефикасен елемент за истражување на безбедноста на храната на јавните фондови во идни програмски активности, како на национално, така и на ниво на ЕУ
Бројот на учесници на настанот е ограничен на 200, а изборот ќе се спроведе на приниципот “прв пријавен – прв услужен”.
Регистрацијата на учесници трае до 13 ноември 2017 година, а заинтересираните лица треба да го пополнат формуларот за регистрација кој се наоѓа на следниот линк

• Формулар за регистрација

Учесниците не плаќаат надомест за регистрација и учество на состанокот, но транспортот и сместувањето се на трошок на самите учесници.
Заинтересираните можат да добијат дополнителни информации на следната адреса: focalpoint@fva.gov.mk

Категорија