Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

EFSA Focal Point

Соопштенија

  • ЕФСА – јавен повик

    16.03.2021
    Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и Европска Агенција за хемикалии (ECHA) објавија јавен повик за развој на Упатство за влијанието на третманот на водата врз резидуите од пестициди и биоциди што можат да бидат присутни во природната вода наменета за производство на вода за пиење.
  • Јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната

    12.03.2021
    ​​​​​​​Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објави јавна консултација за нацрт упатствата за поднесување досиеа за ензими во храната. Во овој документ се опфатени научните податоци кои ќе бидат вклучени во апликациите за добивање одобрение за нови ензими во хранта, како и за продолжување на постоечките одобренија, а кои се доставуваат во соглсаност со Регулативата (ЕК) Бр. 1331/2008 и поврзаните имплементирачки акти.
  • Европска конференција за Xylella fastidiosa

    03.03.2021
    Во периодот од 26 до 30 април 2021 година Европската агенција за безбедност на храна ја организира третата европска конференција за Xylella fastidiosa во чии рамки ќе организира и последниот состанок на XF-ACTORS, истражувачки проект во рамките на EU Horizon 2020 посветен на оваа патогена бактерија кај растенијата.
  • Хармонизирано означување на предната страна на пакувањето и ограничувања во однос на тврдењата за храна

    23.02.2021
    На барање на Европската комисија, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) треба да обезбеди научно мислење со цел да даде поддршка во развојот на идниот систем за обележување на храната на предниот дел од пакувањето кој ќе се користи на целата територија на Европската унија.
  • Препораки за подобрување на мониторингот кај инфекцијата предизвикана од SARS-CoV-2 (coronavirus) кај феретки и другите животни од фамилијата мустелиди

    23.02.2021
    По епидемијата предизвикана од SARS-CoV-2 на фармите со феретки низ цела Европа во 2020 година, Европската комисија побара од Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) да подготват научен извештај во кој ќе предложат повеќе опции за подобрување на стратегиите за мониторинг, кои ќе помогнат во контролата на ширењето и спречувањето на SARS-CoV-2 вирусот кај животните од фамилијата мустелиди (Mustelidae). Во оваа фамилија припаѓаат феретките, видрата, јазовецот, ласицата и други животни. 

 

Известувања

 

Состаноци на научни мрежи на EFSA

  • 2019
  • 2018