Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Од 17 до 20 декември 2018 година, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија го спроведува вториот циклус обуки за дисеминација на знаењето и вештините стекнати за време на меѓународни обуки. На обуките ќе се обработат теми кои се однесуваат на хигиена на храна при примарно производство, проценка на ризик, хигиена на храна и флексибилност и информации поврзани со храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија е институција корисник на специјализирани обуки “Подобра обука за побезбедна храна” кои ги организира Европската комисија во областа на безбедност на храната и ветеринарната политика.

Во Македонија се конзумира безбедна храна. Затоа постојат и мониторинг програми, како и посебна програма за безбедност на храната поделена во посебни сегменти и сите анализи покажуваат дека јадеме квалитетна односно безбедна храна, рече директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на промотивниот настан кој во пресрет на 16 Октомври - Светски ден на храната, се одржа денес во Веро Центар во Скопје. На настанот, компании од прехранбениот сектор ги презентираа своите производи пред граѓаните и донираа храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток.
Македонските потрошувачи консумираат безбедна храна. Тоа го потврдува и фактот дека во текот на 2017 година регистрирани се вкупно 9 алиментарни интоксикации. Она на што најчесто се жалат потрошувачите се присуство на мушички, мувла, стакло, метален предмет и незадоволување на хигиенски услови.
Со финансиска поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство, подготви едукативен видео материјал на македонски и албански јазик за препознавање на болестите Син јазик и Чвореста кожа.
Прифатилиште за улични животни во рамките на Општина Аеродром, едукативни и информативни кампањи, субвенции за вдомување миленик и мрежа на „старатели“ на бездомните животни се само дел од предложените мерки на вчерашната средба со граѓанските здруженија и активисти за заштита на правата на животните.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот, млечна храна за доенчиња со трговско име Picot SL. и тоа производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia Expert 2 со сериски броеви: 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, фабрика Лакталис, а увезени во Република Северна Македонија преку фирмата Промедика ДООЕЛ од Скопје.
Агенцијата за храна и ветеринарство реализира циклус предавања на барање на средното училиште на Град Скопје ,,Георги Димитров,, на тема ,,Храна и исхрана,,. Предавањата се реализираа во рамки на соработката на Агенцијата со македонскиот образовен систем.
Поради појава на болеста Инфективна анемија кај копитарите, кај коњи во селото Брест, во општината Чучер Сандево, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседател, вчера попладне одржа координативен состанок со претставници од релевантни институции членки на Националниот центар за контрола на болести.
Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, дека од пазарот во Република Северна Македонија превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња - Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.
Во периодот од 7 до 8 декември 2017 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Зоран Атанасов, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, г-дин Николче Бабовски, беа во официјалната посета на Загреб, Република Хрватска.