Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат следните небе

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикуваат производите Napalm Pre-contest pumped 350 gr Dragon fruit и Napalm Pre-contest pumped 350 gr Mango Lemon, поради присуство на недозволена новел состојка алфа GPC.
Со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури најавени неделава се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини храна и вода за пиење.
Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат  и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии. паразити, габички и други.
АХВ денес, во Охрид, ја одржа последната работилница од едукативниот проект за превенирање на ризици и инциденти во предучилишните установи кои се поврзани со небезбедна храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – QADRONE VERIEGATO Geechele 400, поради присуство на хлопирифос
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес и утре, во Ниш, Република Србија, учествува на Вториот состанок на Управниот комитет на проектот “Развој на капацитетите на ветеринарните и фитосанитарните служби на Западен Балкан” и на  четвртиот состанок на Форумот на директори на ветеринарните служби од Западен Балкан.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во Ниш, Република Србија одржа билатерален состанок со неговиот колега, директорот на Управата за ветеринарство  на Република Србија, Милош Петровиќ.
Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа болест
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите #StopASF, која во земјава ја спроведува АХВ под покровителство на Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија -  EFSA, учествуваше во утринската програма на  Македонската телевизија – Македонија наутро.