Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бруцелоза кај овците и козите

Бруцелозата кај овците и козите во Република Северна Македонија, предизвикна од Brucella melitensis, а спорадично од Brucella abortus причинува огромни штети кај одгледувачите на овци и кози во Македонија, но истовремено претставува и најсериозната зооноза која е исклучително патогена за луѓето. Ваквите сериозни консеквенции по здравјето на животните но и луѓето беа главните причини зошто бруцелозата се сметаше за врвен приоритет на државните програми за здравствена заштита на животните

Клиничките знаци на болеста може да изостанат, но најчесто се манифестира со појава на абортус, а причинителот најчесто се излачува преку плацентата, абортираните плодови, исцедок од половите органи и преку млекото.

Епидемиолошки значајно е да се каже дека болеста лесно се шири во одгледувалиштата на овци и кози за време на сезоната на јагнење/јарење но и преку директен и индиректен контакт. Извори на инфекција најчесто се абортирани плодови, фетални обвивки, плацента, вагинален исцедок,сперма, млеко и др.

При изборот на соодветна стратегијата за контрола на болеста земени се во предвид епизоотиолошките прилики во Република Северна Македонија, односно раширеноста на болеста во земјата, преваленцијата на ниво на одгледувалипта и расположливите финансиски средства и практичните искуства од земјите кои веќе подолго време се обидуваат да ја ставата бруцелозата под контрола. Исто така од посебна важност е и начинот на држење на животните, односно дали е доминантен екстензивниот начин на сточарење каде контактите помеѓу стадата се фреквентни и не може да се избегнат (заедничко напасување), потоа контролата на движењето и идентификацијата на животните.

Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на контролата и искоренувањето на болеста, и во текот на 2016 година во рамките на твининг проектот изготвена е нова Програма за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овците и козите („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 48/16) каде како пилот проект се спроведе лабораториско испитување во општините Карбинци и Штип во период од три години последователно.

Со овој пристап Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува мерки за заштита на здравјето на луѓето и животните, со обезбедување на основни предуслови за ставање во промет и извоз на живи овци и кози и нивни производи за период од 2016 до 2020 година. Имено целта на оваа програма е постигнување и одржување на статусот на одгледувалиштата за овци и кози како „официјално слободни” од болеста бруцелоза (B.melitensis) кај овците и козите.

Со програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овци и кози во зависност од застапеноста на болеста се применуваат различни мерки за нејзина контрола на ниво на одгледувалишта.

Тестирање и колење

Комбинација на вакцинација против бруцелоза на подмадокот од 3-6 месеци старост со REV-1 вакцина аплицирана коњуктивално/тестирање и колење.

Со цел утврдување на застапеноста и намалување на потенцијалните ризици за појава на болеста во општини каде се спроведуваше само вакцинација на подмладокот, Агенцијата за храна и ветеринарство изготви програма за изменување и дополнување на програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овци и кози за период од 2016 до 2020 година која е во финална фаза на објавување. Со оваа програмата се започнува со тестирање односно земање на примероци од овците и козите од општините и одгледувалиштата во кои не се спроведуваше дијагностичко испитување во изминатите години.

 


  • Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај овците и козите [врска]