Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Бруцелоза кај говедата

Бруцелозата кај говедата најчесто е предизвикана од Brucella abortus(B. abortus), а поретко од Brucella melitensis(B. melitensis), а повремено Brucella suis(B. suis) и Brucella canis (B. canis). Од Бруцелозата покрај говедата можат да заболат и други животни но и луѓето. Една од главните знаци на болеста е абортус, а други клинички знаци ретко можат да се забележат, од бруцелозата покрај говедата можат да заболат и други животни но и луѓето.

Начин на ширење на болеста: Говедата се инфицираат со директен контакт од заболени животни или контаминирана околина и затоа е важно да се напомене дека со купувањето на говеда со непознат здравствен статус (без соодветна документација или без идентификација) на добиточни пазари или директно од одгледувачите е најчест начин на внесување на болните животни во одгледувалиштата.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги имплементира мерките за контрола на болеста согласно Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај говедата која е донесена во 2007 година. Во текот на годината се спроведуваат редовни дијагностички испитувања на сите говеда постари од 6 месеци на територијата на Република Северна Македонија. Земањето на крвни проби за тестирање на говедата го вршат ветеринарните друштва кои се овластени субјекти одговорни за имплементацијата на програмата. Дијагностичките тестирања се вршат од страна на националната референтна лабораторија, во состав на Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ) Скопје. Доколку со тестирањето се откријат заболени животни, се наредуваат мерки за сузбивање и искоренување на болеста од страна на официјалните ветеринари (ветеринарни инспектори). Спроведувањето на овие мерки е задолжително. Заболените грла се одземаат и се испраќаат на колење во кланица, а за нив од Буџетот на Р.М. се обезбедуваат средства за исплата на надомест на штета во висина на пазарната цена на одземените говеда. Тестирањето на бруцелоза кај говедата е целосно бесплатно за одгледувачите. Мерките кои се пропишани со оваа Програма претставуваат појдовна точка во заштита на здравјето на животните и луѓето. На овој начин се обезбедуваат основните предуслови за непречена трговија и извоз на живи животни и нивни производи. Во финална фаза е изготвување е нова повеќегодишна програма за сузбивање и искоренување на бруцелоза на говеда.

 


  • Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелозата кај говедата [врска]