Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ почна со спроведување на активности за отворање на европскиот пазар за извоз на свежо свинско месо

26.01.2017
АХВ почна со спроведување на активности за отворање на европскиот пазар за извоз на свежо свинско месо

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување на активности за добивање на дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Оваа и идната година ќе се зајакнуваат биосигурносните мерки на фармите, а од 2020 година предвиден е престанок на вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума, по што, ќе побара од Европската унија, Република Северна Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните, за прв пат, од страна на инспекциските служби на Агенцијата ќе се врши контрола на биосигурносните мерки на свињарските фарми кои до 2020 година треба да се подигнат на ново, повисоко ниво. Ова беше истакнато на состанокот, кој директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов го одржа со претставниците на Здружението на производители на свињи и свинско месо - “Гицко”. На состанокот се дискутираше и за мерките кои треба да се преземат во наредниот период со цел да се спречи појава и ширење на болестите класична и африканска свинска чума во нашата земја.
-Минатата година спроведовме пилот - проект за контрола на биосигурносните мерки во 12 поголеми фарми одгледувачи на свињи. Поставивме повисоки критериуми од оние кои ги бара Европската унија и радува фактот дека резултатите се задоволителни. Како институција и како производители треба да сме свесни за предизвикот кој е пред нас и дека до 2020 година, биосигурносните мерки на фармите треба да ги имплементираме во целост, зошто тоа е единствениот начин за заштита од болеста класичната свинска чума која од деведесеттите години не е присутна во нашата земја, но и од африканската свинска чума, која реално е поопасна, а која ја има и во земјите од регионот – рече директорот Атанасов на состанокот со производителите.
Агенцијата за храна и ветеринарство, потенцира тој, спроведува мониторинг на болеста Класична свинска чума и кај дивите животни, кои, реално, претставуваат потенцијална опасност за пренесување на вирусот на оваа болест и во комерцијалните фарми.
-Подготвени се плановите за итни мерки, а Агенцијата годинава ќе почне со спроведување и на едукативна кампања за подигнување на јавната свест кај одгледувачите на свињи за важноста од имплементирањето на биосигурносните мерки на фармите, со единствена цел, спречување на појава и ширење на овие болести. Во моментов работиме на воспоставување на информатичкиот систем за контрола на движењето на свињите, како дел од превентивните институционални мерки за спречување на појава и ширење на болестите класична и африканска свинска чума – додаде директорот Атанасов.
Вања Кондратенко, раководител на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, објасни дека воведувањето на биосигурносните мерки на фармите не е голем финансиски трошок за производителите, но, претставува долгорочно исплатлива инвестиција, при евентуална појава на болеста на фармите и загубите кои може да ги претрпат одгледувачите со угинување на животните.
Претставниците на здружението “Гицко” изразија подготвеност брзо да ги имплементираат и унапредат биосигурносните мерки на фармите, бидејќи, како што истакнаа, добро се организирани, а поголем дел од фармите веќе ги имаат спроведено дел од мерките за заштита. Тие изразија загриженост од според нивни сознанија за зголемениот број на диви животни кои претставуваат потенцијална опасност за евентуално пренесување на болестите и на комерцијалните фарми.
Директорот Атанасов ги информира присутните дека наскоро за почетокот на активностите за добивање на статус слободна земја за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар официјално ќе ја извести и Европската унија.

Категорија