Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Агенцијата за храна и ветеринарство стана член на Извршниот комитет на Европската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап

10.05.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство стана член на Извршниот комитет на Европската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап

Eвропската комисија за контрола на болеста Лигавка и шап (EuFMD) - една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО, на 42- та седница на Генералното собрание коja се одржа од 20 до 21 април годинава, по 11 годишно членство на Република Северна Македонија во оваа Комисија, ја избра Агенција за храна и ветеринарство за член на Извршниот комитет на Комисијата за период од наредните две години. Со членството во овој комитет, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе има можност директно да ги координира регионалните активности кои се спроведуваат во делот на Балканска компонента од Стратегијата за контрола на болеста Лигавка и шап. на Изборот за членство на Агенцијата во извршниот комитет на оваа комисија, уследи по успешната размена на експерт од Република Северна Македонија, кој во изминативе шест месеци беше ангажиран од страна на оваа комисија и кој работеше на имплементирање на програмата за Балканскиот регион од работниот план на Комисијата.

Во Европската Комисија за контрола на Лигавка и шап, членуваат 38 земји (од ЕУ и земји кои немаат статус на членки во Унијата) и нејзина единствена цел е координирање на заедничката акција во борбата против Лигавката и шапот. ЕуФМД активно работи на имплементирање на програма за подобра подготвеност во случај на појава на оваа болест во сите земјичленки , во услови кога болеста ја има во европското соседство и во повеќе од 100 земји во Африка, Блискиот Исток, како и на голем дел од евроазиската територија. Зад оваа Комисија на Европската унија стои искуство од над 60 години во прогресивна контрола на оваа болест во Европа, над 10 години искуство во работата во земјите соседи на ЕУ кои се справуваа со болеста Лигавка и шап, како и нејзина директна вклученост во меѓународните организации со цел воведување на принципот на Прогресивна контрола на патеката за болеста (PCP) во целиот свет.
За да се обезбеди координирана поддршка на земјите кои се обидуваат постепено да ја контролираат оваа болест, Европската комисија за контрола на Лигавка и шап е во тесна соработка со Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храната на Европската комисија - DG-Sante, со Организацијата за земјоделство и храна на ООН – ФАО, Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ и под Глобалната рамка за прогресивна контрола на болестите на животните - GF TADS. Комисијата подготвува месечни извештаи за движењето на болеста во целиот свет со што создава основа за подобро информирање на земјите, што е од исклучително значење за подготовката на анализата на ризик.
ЕуФМД спроведува стратегија преку реализација на проекти во околу 50 земји членки на ЕУ и со соседните земји на Унијата. Трите столба на стратегијата на Комисијата се во насока на подобра подготвеност на земјите за справување со заканата од болеста, имплементирајќи програми во сите земји – членки, работејќи на унапредување на подготвеноста и подобрување на капацитетот за управување со плановите за итни мерки при појава на болеста, како и соработка со европските соседи, за да се воспостават одржливи програми за контрола на болеста. Дел од стратегијата се и поддршката и промоцијата на прогресивната контрола на болеста, во сите региони во рамки на Глобалната Стратегијата за контрола на болеста на ФАО и ОИЕ.
Програма за работа на ЕуФМД вклучува спроведување на курсеви за е-учење за брза обука на ветеринари за брз одговор при болести кои се предмет на плановите за итни мерки, како и други типови на обуки за болеста Лигавка и шап . Преку програмата се работи и на обука на земјите во развој за подобрување на националните програми за контрола на ризикот. Како дел од Стратегијата е и Компонентата 1.4 за Балканскиот регион чија основна цел е подобрување на капацитетот за управување со плановите за итни мерки на земјите од Балканот преку одржување на регионални конференции, работилници и симулациски вежби кои покрај обезбедување на континуиран развој и подобрување на националните планови за итни мерки во голема мера ја зголемуваат и спремноста и лабороториските капацитети за дијагностицирање во случај на појава на болеста.

Категорија