Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Констатирано присуство на птичји грип, се утврдува патогеноста

17.02.2022
Агенција за храна и ветеринарство

Најостро го осудуваме денешниот обид на политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање на мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на секвенционирање за утврдување на патогеноста на вирусот на авијарна инфлуенца H5N1, кои ги врши Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје. Согласно меѓународно пропишаните дијагностички протоколи на Институтот, со дополнителните тестирања треба да се утврди поттипот на вирусот.

Присуството на вирусот H5N1 беше констатирано вчера попладне, по поставениот сомнеж на авијарна инфлуенца и Њукастелска болест кај живината, со лабораториско испитување на мостри од 2 угинати лебеди и 1 дива патка од станбениот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Мострите за лабораториско испитување до Факултетот за ветеринарна медицина доставени се од лице од комплексот во Злокуќани.

По добиеното известување, од страна на официјални ветеринари на АХВ, навреме се преземени законски дефинираните мерки, а во комплексот, каде како миленици на отворено се чувале лебеди, гуски и диви патки и 18 кокошки во кафези, се спроведуваат мерки за заловување и депопулација на птиците. Мострите од заловените птици ќе бидат лабораториски испитани на Ветеринарниот институт.

Согласно дефинираните оперативни процедури на АХВ при појава на болести кај животните, денес, состанок одржа и Националниот центар за контрола на болести, на кој се дефинираа идните активности кои ќе се преземат за ставање под контрола и искоренување на болеста. Во текот на денот ќе биде донесено решение со кое ќе се дефинираат мерките кои ќе се спроведат во заштитната и зоната под надзор околу жариштето на болеста во скопско Злокуќани.
Иако присуството на вирусот не е потврдено на фарма, туку кај птици кои се чувале на отворено, апелираме до одгледувачите,  бисигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Состојбата со авијарна инфлуенца во светот, на дневна основа, АХВ ја следи преку порталот на Светската организација за здравствена организација на животните – ОИЕ и презема соодветни мерки.

Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето кои подолго време имале контакт со заболена живина. Болеста може да предизвика големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност. 
 

 

Ознаки
Категорија