Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Заштитете ги животните од студ и снег

12.01.2021
Заштитете ги животните од студ и снег

Најавените врнежи од снег проследени со ветер и пад на темепертурите, можат негативно да влијат на здравјето на животните, иако, повеќето видови, релативно добро ги поднесуваат ниските температури. Во вакви услови, одгледувачите на животни навремено треба да обезбедат вода и храна за животните, најмалку за две недели, во количини кои ќе бидат доволни да се задоволат потребите на животните.

Храната треба да е со задоволителна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на фармите. Во услови на ниски температури и врнежи од снег, препорачливо е одгледувачите да ја зголемат вообичаената дневна дажба на храна за животните, а особено кај гравидните, за да можат да ја одржуваат својата телесна температура.

На животните никако не треба да им се дава смрзната храна. Тие исто така не можат и не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат со лижење мраз или снег. Затоа, за нив треба да се обезбеди свежа вода за пиење со соодветна температура. Препорачливо е фармерите, во одгледувалиштата кои имаат автоматски/статичен систем за напојување, навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично кои ќе ги употребат за напојување на животните.

 

zivotni sneg 2

 

При екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег, животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова.Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид на прекривки за нив, но, во тој случај треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви.

Здравствената состојба на животните  во вакви услови треба почесто од вообичаено да се следи, односно животните потребно е почесто да се посетуваат и набљудуваат. Молзните животни треба да се измолзуваат редовно, во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снег или мраз. 

Одгледувачите на животни треба да се во комуникација со нивниот ветеринар, за дополнителен совет, или доколку се потребни интервенции.
 

Ознаки
Категорија