Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

Отворена манифестацијата Денови на македонскиот мед

24.09.2020
Отворена манифестацијата Денови на македонскиот мед

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес, беше дел од 16 манифестација „Денови на македонскиот мед“, која традиционално се одржува во центарот на Скопје. Манифестацијата ја отворија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. 

 

 


Владата има јасна стратегија за пчеларството. Воспоставени се нови мерки преку Програмата за финансиска поддршка 2020 година, а  достапни се и ИПАРД фондовите. Планирани се и мерки за поддржување иновации во однос на пчелни производи, активно вклучување на младите земјоделци и руралните жени, но и мерки за развој на пчеларскиот туризам со цел подобрување на условите за живот во руралните средини. Согласно Програмата за финансиска поддршка во 2019 година за презимено пчелно семејство се исплатени 167.199.400 денари на 4.114 земјоделци, истакна министерот Хоџа на отворањето.


Податоците од АХВ, дополни тој, покажуваат дека производството на мед во изминативе години е зголемено и лани изнесувало 1,671,420 килограми. Дел од овие количини мед е наменет за домашниот пазар, а дел се извезува.

Македонскиот мед е многу ценет на странските пазари за што зборуваат и последните информации од неодамна одржаниот натпревар по квалитет на мед во Тузла, на кој учествуваа претставници од три континенти, а македонскиот мед е прогласен за најквалитетен, подвлече министерот.

Претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски, кое ја организира манифестацијата побара како што се тутунот, грозјето и други земјоделски култури, и пчелите и медот да бидат заштитени со закон. 

Земјава е една од ретките во светот со услови за квалитетно производство на мед. Можеме да бидеме синоним за здрав, квалитетен и природен мед. Секоја година на светските саеми нашите пчелари освојуваат високи награди. Нам, пчеларите, ни останува да ја вратиме довербата кај потрошувачите, а тоа можеме да го направиме само преку едукација и поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, Инспекторатот и Министерството за земјоделство. Ги повикувам надлежните да ја спречат нелегалната трговија со медот, за да ги подигнат стандардите за домашно производство и продажба, истакна Билбилоски.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ напомена дека Фестивалот на медот има за цел да ја одржи традицијата на пчелни производи. Посетителите на „Денови на македонскиот мед“ на поставените штандови долж улица „Македонија“ можат да купат мед, пчелин восок, прополис, матичен млеч, полен, перга и ликери на база на мед. 

 

AHV

 

Ознаки
Категорија