Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода

06.04.2020
Да се избегнува користење на апарати за кафе и за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот КОВИД 19, во услови на прогласена пандемија, постапувајќи согласно донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразата, Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска  подготовка на кафе и апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини. Препораката се однесува и на сите останати субјекти и компании кои користат вакви апарати и каде пристап и контакт со нив имаат поголема група на луѓе.

 

Како одговорна институција за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на граѓаните, цениме дека во услови на прогласена пандемија со корона вирусот и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од едно на друго лице.
 

Ознаки
Категорија