Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

"Биди неговиот херој” и во Берово

11.11.2019
"Биди неговиот херој” и во Берово

Со одржување на едукативна работилница за одговорно сопствеништво во петокот, од Берово, почна реализацијата на петтата фаза од регионалната кампања “Биди неговиот херој”. Кампањата со поддршка на Светската организација за здравствена заштита на животните  - ОИЕ, партнерски ја реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.

Третоодделенците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово беа дел од работилница за одговорно сопствеништво на која беа презентирани основите на одговорното сопствеништво кои се однесуваат на правата и обврските кои ги имаат сопствениците на домашни миленици. Како преку заштитата на домашните миленици да се заштитиме себе си, што значи да се биде одговорен сопственик, како да водиме сметка и за бездомните животни, се дел од темите на кои разговараа дечињата со професор Пламен Тројачанец од Факултетот за ветеринарна медицина.

 

Со одржување на едукативна работилница за одговорно сопствеништво во петокот, од Берово, почна реализацијата на петтата фаза од регионалната кампања “Биди неговиот херој”. Кампањата со поддршка на Светската организација за здравствена заштита на животните  - ОИЕ, партнерски ја реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.

 

На едукативниот час, поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал, преку кој на дечињата на сликовит начин поблиску ќе им бидат објаснети темите за одговорно сопствеништво и заштита на домашните и бездомните животни.

Четвртата фаза од кампањата “Биди неговиот херој” ќе продолжи да се реализира и во другите општини во земјава. 

Ознаки
Категорија