АХВ дел од глобалното одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедната храна

06.06.2019
АХВ дел од глобалното одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедната храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како одговорна институција за безбеднoста на храната, се приклучува кон кампањата на Организацијата на Обединетите Нации која почнувајќи од оваа година, 7 Јуни ќе го одбележува како Светски ден на безбедната храна. АХВ ќе биде дел од глобалното, прво одбележување на овој ден, за кој Генералното собрание на Обединетите Нации, во декември минатата година усвои резолуција со која 7 Јуни го прогласи за Светски ден на безбедната храна.

Целта на одбележувањето е преку промотивни активности да се подигне свеста на луѓето за важноста на безбедноста на храната, но и за превенирање и управување со ризиците со цел преку подобрување на безбедноста на храната да се унапреди и здравјето на граѓаните.

Првиот Светски ден на безбедната храна -7 Јуни, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го одбележи со одржување на трибина на која ќе се дискутира за тековните ризици и предизвиците во однос на безбедноста на храната во нашата земја. На трибината учество ќе земат сите учесници вклучени во системот на безбедноста на храната - претставници од институциите, науката, бизнис секторот и невладините организации за заштита на правата на потрошувачите. 

За граѓаните, од 13 до 14.30 часот, во Градскиот трговски центар, Агенцијата ќе одржи ќе одржи забавен промотивно едукативен настан на кој учество ќе земат и најмладите – децата кои на темата безбедна храна ќе творат во детското ликовно катче.

Категорија