Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

“Биди неговиот херој” во Радовиш

22.03.2019
“Биди неговиот херој” во Радовиш

Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за задравствена заштита на животните – ОИЕ. Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и бездомните животни. Поделени беа боенки, брошури и друг едукативен рекламен материјал, преку кој на дечињата на сликовит начин им се објааснув што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици. 

Кампањата “Биди неговиот херој”, во наредните денови ќе продолжи да се реализира и во другите општини во земјава.

Категорија