Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Продолжен рокот за бесплатно микрочипирање на домашните миленици

20.03.2019
Продолжен рокот за бесплатно микрочипирање на домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за реализација на акцијата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици и наменсто на 31 март како што беше најавено, оваа активност ќе заврши на 31 декември годинава. За таа цел набавени бесплатни 100 илјади микрочипови. Акцијата Ова на денешнта прес конференција во Владата на Република Северна Македонија го најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов кој истакна дека акцијата за бесплатно микрочипирање продолжува бидејќи во системот на Агенцијата досега се евидентирани 49 илјади домашни миленици. 

- Од 1 април аплицирањето на микрочипот ќе се наплатува по 200 денари  од кога почнува да тече новиот рок за реализација на оваа акција, од страна на ветеринарните друштва ќе се наплатува апликацијата на микрочипот кој е бесплатен, услуга за која сопствениците на миленици ќе треба да платат 200 денари, а издавањето на пасочот за миленикот по 120 денари, додека самиот микрочип кој го обезбеди Агенцијата ќе биде бесплатен. Од 1 април, инспекциксите служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван миленик. Казните за физичките лица се движат од 100 до 150 евра, а за правните лица илјада евра во денарска противвредност - посочи Атанасов на прес - конференцијата во Владата. 

Кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците, заклучи тој, е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство во која една од точките се однесува и на одговорното сопствеништво и справувањето со проблемот со бездомните  кучиња. 

Категорија