Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

15.03.2019
Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.

Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавно здравствен одговор во услови на меѓународно ширење болести. На состанокот беше посочено дека имплементирањето на Меѓународниот здравствен правилник е регулирано со посебен член во Законот за јавно здравје.

Овој подзаконски акт поставува нови барања и обврски за земјите членки на СЗО кои треба да развијат способност за откривање, верификација, известување и точност на информациите. Меѓународниот здравствен правилник е многу ефикасен инструмент за јакнење на врската, меѓу системите за следење на состојбите и воспоставување брзи механизми на реакција и одговор на кризни состојби, а прифаќањето на правилникот, и постапувањето според неговите препораки, претставува клучен глобален инструмент за заштита од интернационално проширување на заболувањата.

Поосебен акцент беше ставен на заедничката и координирана активност на Агенцијата за храна и ветеринарство со институциите од здравствениот сектор, пред се со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за здравство.

Категорија