Одржана работилница за новите обврски на ветеринарните друштва

28.05.2020
Поради актуелната состојба со вирусот Covid 19, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку видео конференција користејќи ја платформата Zoom meeting, минатата недела одржа работилница за едукација на официјалните ветринари и лиценцираните доктори по ветринарна медицина

Прв пат по 23 години се извезе македонско јагнешко месо во Јордан

12.05.2020
За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.

АХВ: Да се вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел

10.05.2020
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина на целата територија на државава да ја исполнат законската обврска и согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, да се обратат до најблиското ветеринарно друштво и да ја вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел. 

Нови правила за работа на рестораните во услови на пандемија со КОВИД 19

08.05.2020
Во пресрет на најавеното  укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради епидемијата на вирусот КОВИД 19 и разгледување на можноста од страна на Комисијата за заразни болести за повторно отворање и работа на угостителските објекти, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви сет на препораки [ВРСКА] за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со корона вирусот.

Драстично намалена бруцелозата кај крупниот добиток

08.05.2020
Околу 18 милиони евра потрошила државава од 2008 година досега за справување со бруцелозата. Болеста кај добитокот се уште ја има, но, пристапот на сузбивање е сменет поради што се очекува максимално прочистување, па и целосно искоренување.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео