Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во Македонија нема холандски јајца со инсектициди

09.08.2017
Во Македонија нема холандски јајца со инсектициди

Во Република Северна Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои Европската комисија предупреди дека дел од количините пласирани во неколку европски земји се загадени со инсектицидот Фипронил. Единствен увоз на овој производ во Република Северна Македонија е реализиран од соседна Република Србија, од каде во првите 6 месеци од 2017 година биле увезени 162.560 килограми конзумни јајца, односно 509.402 килограми во 2016 година.
Домашното производство и увозот на овој прехранбен производ во Република Северна Македонија се под постојана конторла на официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од досега извршените контроли и реализацијата на Националната мониторинг програма не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедноста, ниту во домашното производство, ниту во количините кои се увезени во Република Северна Македонија.

Што е Фипронил?

Фипронил е инсектицид со широк спектар на дејство кој се користи за борба против болви, крлежи, вошки. Не е дозволено да се употребува за животни чии производи се користат за исхрана на луѓето.

Какво дејство има Фипронил врз здравје на луѓето?

Фипронилот покажува акутна токсичност кај експериментални животни кога ќе се внесе во организмот по орален пат, преку кожа или вдишување. Не предизвикува иритација на кожа и очи ниту алергија. Кај тестовите кои се спроведени на глувци, стаорци, кучиња и зајаци Фипронилот делувал на нервниот систем и црн дроб. До сега од истражувањата Фипронил не е во класата на средства со канцерогени и мутагени последици.

Основа на која е направена процена на ризик?

Германскиот институт за проценка на ризик направил проценка за штетното дејство на Фипронил врз здравјето на луѓето врз основа на количина на оваа супстанца измерена во јајца од кокошка и живинско месо односно врската со надминување на акутна референтна доза која изнесува 0,009 mg/kg и претставува количина на супстанција по килограм телесна тежина која може да се внесе со храната во текот на еден ден без видлив ризик за консументот.

Што ќе се случи доколку акутна референтна доза се надмине?

Надминување на акутна референтна доза не значи дека веднаш доаѓа до штетни последици по здравјето, но согласно моменталните научни истражувања, постои можност за зголемен ризик по здравјето на човекот по консумација на контаминирани јајца од кокошка.
Инсектицидот не смее да се користи кај животни чии производи се користат за исхрана на луѓето и краткотрајната изложеност не предизвикува ризик по здравјето на луѓето.

Категорија