Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Вакцината против беснило и микрочипирањето се законска обврска за сопствениците на миленици

30.09.2017
Вакцината против беснило и микрочипирањето се законска обврска за сопствениците на миленици

Со промотивно – едукативен настан кој се одржа денес во Градски парк во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа Светскиот ден на борба против беснило, болест еднакво опасна за животните и луѓето. Од претставниците од Фекултетот за ветринарна медицина, од Ветринарната комора на РМ и ветеринарните друштва, упатен беше апел до сите граѓани кои чуваат миленици кучиња и мачки, да бидат одговорни сопственици, да ги вакцинираат животните против беснило. На таков начин акко што беше истакнато, ќе го заштитат нивното и сопственото здравје.
Вакцинацијата против оваа болест и микрочипирањето, истакна на настанот директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов е законска обврска.

-Како прв човек на институцијата одговорен и за здравјето на животните, но и како љубител на животни, апелирам граѓаните да бидат одговорни сопственици, не само затоа што законите не обврзуваат на тоа, туку затоа што чувањето на домашни миленици треба да биде и општествено позитивна и индивидуална сатисфакција. Одгледувањето на животните не е и не смее да биде само забава или тренд. Тоа носи и обврски и одговорност, пред се грижа за нив и заштита на нивното здравје, зошто така ќе бидеме одговорни и кон сопственото и кон здравјето на нашите најблиски – рече тој.
Како институција и оваа есен, додаде Атанасов, ќе ја реализираме кампањата за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на мамки на целата територија на Република Северна Македонија, зошто иако оваа болест кај нас засега е ставена под контрола, превенцијата секогаш е неопходна.
Граѓаните заедно со своите миленици ги посетија ветеринарните друштва кои беа дел од настанот и кои покрај совети за милениците вршеа и бесплатни прегледи, а најголем интерес имаше за обезбедување на ваучери за попуст за ваквинација на милениците против беснило. Низ дружење и забава најмладите цртаа цртежи за одговорно сопствеништво и за заштита на животните од беснило.

Категорија