Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 000 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 000 210
Следува награда од 2500 денари

OIE

Светска организација за здравствена заштита на животните
(Office International des Epizooties - OIE)

Светската организација за здравствена заштита на животните (Office International des Epizooties - OIE) е формирана со потпишување на меѓународен договор на 25 јануари 1924 година, со цел воспоставување мерки за контрола и искоренување на болести кај животните на глобално ниво.

OIE Соопштенија

Од 18 до 24 ноември 2020 година се одбележува светската недела на свесност за антимикробна отпорност (World Antimicrobial Awareness Week).
По првичниот сомнеж на трети февруари, ветеринарните власти на соседна Грција, на петти овој месец официјално го потврдија првиот случај на заболена свиња од болеста Африканска свинска чума во селско домаќинство со 32 свињи.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), од 11-13 Септември 2019 година во Скопје, одржува работилници за унапредување и засилување на приодот „Единствено здравство“ за управување со заразните болести на животните и  хуманата популација - зоонозите.

Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилија

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста Чума кај мали преживари, која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а во земјите од регионот присутна е и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија од Република Бугарија како и мерки за брза реакција и успешно справување при евентуална појава на болеста и кај нас.