Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
EFSA Focal Point
Соопштенија
-
ЕФСА објави извештај од работната група за собирање и моделирање податоци
Во февруари 2019 година Европската агенција за безбедност на храна донесе одлука за формирање работна група за прашања поврзани со собирање и моделирање податоци. За членови на работната група беа назначени членови на Советодавниот форум на ЕФСА (или нивни претставници), а истата беше предводена од страна на претставниците од Унгарија. -
Европската агенција за безбедност на храна ја започна кампањата СТОП за Африканската чума кај свињите во југо-источниот дел на Европа
-
ЕФСА објави ажурирано научно мислење за опциите за контрола на кампилобактер на ниво на фарми за бројлери
Со повеќе од 246.000 случаи кај луѓето на годишно ниво, кампилобактериозата претставува најчесто пријавувана болест на ниво на Европската унија која се пренесува преку храната. Согласно најновите проценки, на ниво на ЕУ системите за јавно здравје годишно трошат приближно 2,4 билиони евра за справување со кампилобактериозата. -
Објавен техничкиот извештај за Република Северна Македонија во рамки на СИГМА проектот на ЕФСА
Соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со Европската агенција за безбедност на храна, како и посветеноста во насока на следење на глобалните трендови чија цел е заштита на јавното здравје и здравствената заштита на животните, резултираше со приклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија во конзорциумот кој го спроведува SIGMA проектот. -
Листерија во замрзнат зеленчук: како да се намали ризикот
Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи проценка на ризикот по јавното здравје од контаминацијата со Листерија преку зеленчук кој е бланширан во топла вода или на пареа пред истиот да се замрзне. ЕФСА дојде до заклучок дека ризикот поврзан со конзумирање на овие производи е помал отколку кај производите кои се готови за конзумирање како што е димената риба, зготвеното месо, колбаси, паштета, младото сирење, кои најчесто се поврзуваат со контаминација со Листерија.
Известувања
Состаноци на научни мрежи на EFSA
- 2019
- 2018