Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Светски ден на водата 2021 година

23.03.2021
Светски ден на водата 2021 година

Водата се намалува како ресурс ширум светот. На Светскиот ден на водата 2021 година, објавен е Светскиот извештај за развој на вода на ООН 2021 насловен „Вреднување на водата“. Со проценка на употребата на вода во земјоделството, истиот повикува на спроведување на стратегии за управување со кои „би можеле повеќекратно да се зголемат вредности на водата за производство на храна“, вклучително и подобрување на ефикасноста на користење на водата; намалување на побарувачката за храна и  последователно употребата на вода; подобрување на знаењето и разбирањето на употребата на вода за производство на храна. Не сите преработувачи/производители на храна имаат пристап до безбедни извори на вода, додека за други, пристапот до безбедна вода и отстранувањето на  отпадот предизвикуваат зголемување на финансиските и еколошките трошоци.

Во септември 2020 година, Комисијата на Кодекс Алиментариус започна да работи на развој на Упатство за безбедно снабдување, употреба и повторна употреба на вода во директен и индиректен контакт со храна преку синџирот на исхрана, со примена на принципот на соодветно наменско користење притоа користејќи пристап базиран на ризик .

Новиот текст ќе ја разгледа употребата на вода долж синџирот на исхрана, а исто така ќе претставува и одговор на влијанието на климатските промени и потребата за повторна употреба или рециклирање на водата. Операторите со храна ќе имаат корист од практични насоки и алатки кои што ќе им помогнат да ги разберат ризиците и достапните интервенции. Работата треба да заврши во 2023 година. 

Миријан Буено е директор за безбедност на храната во Националната агенција за здравје и безбедност на земјоделските прехранбени производи (SENASA) во Хондурас, една од земјите што ја водат работата за новото Упатство.

Имаме навистина добра можност да изготвиме практично Упатство со чија примена  операторите со храна можат да применат пристап базиран на ризик и да ја оптимизираат употребата и повторната употреба на водата во производството и преработката на безбедна храна.

Новиот текст ќе се базира на еден од основните текстови во Кодекс, Општите принципи за хигиена на храната, при што новото Упатство ќе даде детали за тоа како операторите со храна  да го проценат видот на потребната вода, во секој чекор од производство на храна.


Сите знаеме дека водата е навистина дефицитарен ресурс и треба рационално да ја користиме

вели Буено. На многу места, повторната употреба на вода се смета за одржлива опција, така што операторите со храна можат да обезбедат вода со доволен квалитет за производство на безбедна храна.
Извештајот на ООН исто така наведува дека „подобрувањето на безбедноста на водата за производство на храна може да придонесе за редуцирање на сиромаштијата и намалување на јазот меѓу родовите“. На свој начин, новото Упатство на Кодекс ќе да даде значаен придонес во оваа насока.


Повеќе информации за светскиот ден на водата може да прочитате на следниот линк: