Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Април 2021

АХВ со засилени контроли пред велигденските празници

27.04.2021
Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот.
26.04.2021 | Работилница за оператори со храна на тема Законодавството во однос на додатоци на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења / 9 април 2021
На 9 април 2021 претставници од АХВ  и експертите на проектот одржаа онлајн работилница за операторите со храна на тема Законодавството во однос на додатоци на исхрана и здравствени и нутритивни тврдења. 
26.04.2021 | Обука за официјални контроли за нус производи од животиско потекло / 8,12 и 14 април
Во рамките на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи , на 8ми, 12ти и 14ти април 2021 беа реализирани обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло.

АХВ со сет на мерки за сточарите за заштита од африканска свинска чума

23.04.2021
Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја во предвид епизотиолошката соостојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава за да се заштитат. 

Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии

Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии или т.н. „нова храна“ е секоја храна или нејзина состојка која нема значителна историја на консумација пред 1997 година, кога во Европската унија е донесена првата регулатива со која се пропишуваат посебните барања за безбедност за овој вид храна.

Генетски модифицирана храна (ГМО храна)

Генетски модифицирана храна (ГМО храна) е секоја храна која е произведена, составена или содржи генетски модифицирани организми. Генетски модифицирани организми (ГМО) се организми чиј генетски материјал (DNA)е изменет преку внес на ген од друг организам со употреба на технологија позната како „генетска технологија“, „рекомбинантна DNA технологија“ или „модерна биотехнологија“.

 

Храна третирана со јонизирачко зрачење

Некои видови храна во текот на производствените процеси можат да бидат подложени на третман со високо-енергетско јонизирачко зрачење. Целта на овој третман е една од следните:

Со ЕУ искуства се прошируваат и знаењата за контрола на нус производите и додатоците во храната

20.04.2021
Во рамки на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системиКОЈ Агенцијата за храна и ветеринарство го реализира со поддршка од Европската унија, на 8, 12 и 14 април реализирани беа обуки на тема официјални контроли за нус производи од животинско потекло (НПЖП).