Ситуацијата со африканската свинска чума во последниве три месеци е стабилна, изјави за ТВ Ал Џезеира, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски...
Јакнење на националните капацитети во областа на проценка на ризик за безбедноста на храната и подобрување на алатките за репортирање на националните податоци од спроведувањето на мониторинг програмите, во насока на поддршка на земјите во процесот на усогласување на националните, со системот на Европската унија, со цел обезбедување унифицирани, квалитативни и квантитативни податоци.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес одржа работен состанок со претставници на здружението за заштита на животните Анима мунди.
Позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Република Северна Македонија за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.
Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство, од 23 до 24 јануари, во Брисел, Белгија, беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на состаноците во рамки на билатералниот скрининг со Еворопската унија (ЕУ) за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“.
Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.
Производи со поминат рок, артикли на чии декларации не пишува од каде потекнува и што содржи производот се само дел од недостатоците на македонскиот пазар. За првите пет месеци од годинава Агенцијата за храна и ветеринарството уништила речиси 70 тони храна која била небезбедна за потрошувачите.
Агенцијата за храна и ветеринарство, утре ќе се приклучи на глобалната кампања за одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедна храна, кој во 2019 година за прв пат беше востановен од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации - ФАО.
Вебинар во организација на ФАО и СЗО на тема Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: „Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia“