Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ и Црвениот Крст ја официјализираа соработката

06.03.2020
АХВ и Црвениот Крст ја официјализираа соработката

Взаемна комуникација при управување со кризни состојби и делување во итни случаи, размена на податоци, извештаи, резултати  и други информации  кои се од корист при појава на природни катастрофи, а се во насока на спроведување на заеднички активности со цел обезбедување на заштита и благосостојба на животните, обезбедување и дистрибуција на безбедна храна за луѓето и животните, хигиенски исправна вода за пиење  како и обезбедување и управување  со транспорт и привремени прифатилишта за животни, договорија со денешното потпишување на меморандум за соработка директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов и Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со потпишувањето на Меморандумот поставени се основите за унапредување на соработката меѓу двете институции за постигнување на подготвеност и ефикасна искористеност на ресурсите на АХВ и Црвениот Крст користејќи размена на искуства во насока на обезбедување заштита и благосостојба  на животните при природни катастрофи.

Во рамки на официјализираната соработка на Агенцијата и Црвениот крст договорено е во иднина  да се реализира едукација на лица кои во ќе бидат вклучени во безбедно спасување на животни од подрачјата зафатени со природни катастрофи, обезбедување на нивна заштита и благосостојба, подготовка и изработка на едукативни и информативни материјали, организирање на заеднички симулациски вежби, како и работа на проекти и учество на настани од областа на менаџментот на катастрофи.

Двете институции договорија реализација на активности од областа на првата помош, поради позитивните импликации кои таа ги има во секојдневниот живот во услови на природни катастрофи, во превенција на заболувања, но, пред се во промоција на здраво и сигурно однесување на членовите на заедницата, со цел обезбедување на заштита и благосостојба на животните. Како исклучително важно, од страна на првите луѓе на АХВ и Црвениот Крст, оценето беше и идното учество во заеднички кампањи за промоција и подигнување на свеста кај граѓаните за здравствено - превентивните активности, заштитата и спасувањето на животни.


 

Ознаки
Категорија