Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ домаќин на експертска мисија за африканската чума кај свињите

07.11.2022
АХВ домаќин на експертска мисија за африканската чума кај свињите

Во периодот од 2 до 4 ноември 2022 година се спроведе експертска мисија во рамки на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните. Фокус на експертската мисија беше Африканската чума кај свињите, а мисијата беше организирана со цел да се спроведат посети на терен во неколку земји, со цел собирање податоци врз основа на кои ќе може да се формулираат препораките за управување со болеста.

 

2


Домаќин на експертската мисија беше Агенцијата за храна и ветеринарство со која  на 2 ноември се одржа почетен состанок, а потоа мисијата продолжи со работа на терен.

На 4 ноември во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа завршен состанок на кој беа презентирани наодите од спроведените посети на терен, а се дадоа  и предлог мерки за контрола и искоренување на Африканската чума кај свињите кај нас, во согласност со меѓународните стандарди и препораки на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH) .

 

1


 

Ознаки
Категорија