Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Се координираат активностите за спречување на дива продажба и колење пред Курбан Бајрам

01.07.2022
kurban-bajram

Во пресрет на претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денес одржа координативен состанок со претставници од Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и Државниот  комунален инспекторат.

Целта на состанокот беше координирање на активностите за спречување на нелегалната трговија со добиток без контролиран здравствен статус, со цел заштита на здравјето на граѓаните. Договорено беше од почетокот на идната недела да се засилат инспекциските контроли и да се следи состојбата  на терен.

На состанокот детално беа разгледани правата и обврските на одгледувачите на животни за продажба, која е традиција за овој верски муслимански празник, а која како што истакна Ванчо Новоселски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во АХВ, треба да се спроведе исклучиво на регистрирани добиточни пазари и на местата одредени за оваа намена. Таму, почитувајќи ги одредбите од законите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојба на животните, за идентификација и регистрација и други, може да се продаваат исклучиво животни со познато потекло и со контролиран здравствен статус.

Учесниците на состанокот упатија апел граѓаните да не купуваат добиток од диви пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, бидејќи на таков начин во прашање се доведува и здравјето на купувачите и нивните семејства. За да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, при тоа почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелираше за претстојниот празник Курбан Бајрам, животни да се купуваат директно од регистрираните одгледувалишта на добиток, или од регистрираните добиточни пазари каде смеат да се продаваат само животни кои имаат сертификат за здравствена состојба.

За поголема сигурност, животните задолжително треба да се колат во одобрени кланици од страна на Агенцијата.
 

Ознаки
Категорија