Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јавна консултација за Нацрт глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната

19.05.2021
who

Во 2020 година, резолуцијата со наслов „Зајакнување на напорите за безбедност на храната“(Strengthening efforts on food safety) беше усвоена од 73то Светско собрание за здравство (73rd World Health Assembly).  Во резолуцијата, земјите членки побараа Светската здравствена организација (СЗО) да ја ажурира Глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната за решавање на тековните и новите предизвици, да вклучи нови технологии и иновативни пристапи за зајакнување на системите за безбедност на храната. Беше истакнато дека системите за безбедност на храната на многу земји членки се соочуваат со  предизвици и им требаат значителни подобрувања во нивните клучни компоненти, како што се регулаторната инфраструктура, надзорот, инспекцијата и лабораторискиот капацитет, механизмите за координација, одговор на итни случаи, како и едукација за безбедност на храна.

Земјите членки, исто така, ја препознаа потребата за интеграција на безбедноста на храната во националните и регионалните политики за здравство, земјоделство, трговија, животна средина и развој, како и примена на пристапот „Едно здравје“ (One health approach)  заради унапредување на системот за безбедност на храната.

Како одговор на ова барање, Секретаријатот на СЗО подготви нацрт Глобална стратегија на СЗО за безбедност на храна со помош на Техничката советодавна група (ТАГ) за безбедност на храната: Побезбедна храна за подобро здравје. 

Драфт стратегијата ќе служи како нацрт и насока за земјите членки за зајакнување на нивните национални системи за безбедност на храната и промовирање на регионална и глобална соработка. 

Во согласност со својот универзален, транспарентен и инклузивен дух, СЗО започнува јавна консултација заради осигурување дека содржината на стратегијата го одразува искуството, потребите и аспирациите на меѓународната заедница. Можност да дадат свој придонес ќе добијат владини претставници, граѓански организации, меѓународни организации, истражувачки институции и засегнати страни од целиот свет. Инпутите собрани за време на јавната консултација ќе бидат земени предвид при ревизијата на стратегијата.

Сите коментари ќе се сметаат за јавни и можат да бидат објавени освен ако не се побара поинаку. 

Коментарите во врска со нацрт Глобалната стратегија на СЗО за безбедност на храната се доставуваат преку интернет платформа. Јавната консултација завршува на 18 јуни 2021 година, во 23:59 часот.

Повеќе информации може да добиете на следниов линк: https://www.who.int/news-room/articles-detail/public-consultation-on-the-draft-who-global-strategy-for-food-safety

 

Ознаки
Категорија