Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Известување за отповикување на производи... [повеќе]

12.03.2021
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) Евро Млекара ДООЕЛ Скопје, на 11.03.2021 година извести дека постапи по решението бр. 25- 977 од 10.03.2021 на инспектор и од пазарот истиот ден отповика производ путер во пакување од 25 килограми во блокови и 5 килограми во канти. 

Производ: Ulsalted lactic butter, min 82% butterfat

Причина за отповикување: Поминат рок на употреба

Производител: Rucker GmbH - Германија

Извозник: Interfood BV – Холандија

Увозник и дистрибутер: Евро Млекара ДООЕЛ Скопје

Потекло на производот: Германија

Серија: 24

Дата на производство:13.12.2020

Рок на употреба- до 13.02.2021

Се известуваат купувачите доколку ги имаат купено овие производи, истите да не ги консумираат, да ги вратат на местото на набавка, или нештетно да ги уништат.
 

Ознаки
Категорија