Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

За викенд домашните миленици ќе може да се шетаат три пати дневно

08.04.2020
За викенд домашните миленици ќе може да се шетаат три пати дневно

За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата која стапува на сила од денес, среда, во 16,00 часот, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и кои имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок ќе може милениците да ги изнесуваат надвор од своите домови за да ги прошетаат и да ги извршат физиолошките потреби и во вечерните часови, односно во временски период од 20,00 до 20.30 часот. 


За време на викенд ( сабота и недела), кога е на сила забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во земјава, милениците ќе  може да се прошетаат наутро од 8.00 до 8.30 часот и попладне од 15.00 до 15.30 часот.


За време на забраната и посебниот режим на движење, сопственикот и миленикот не смеат да се оддалечуваат од домот подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат. При прошетка на милениците, граѓаните треба да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се собираат во групи.
 

Ознаки
Категорија