Се унапредува концептот „Единствено здравство“ за управување со зоонозите

12.09.2019
Се унапредува концептот „Единствено здравство“ за управување со зоонозите

Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство во соработка и со поддршка од Светската Здравствена Организација (СЗО) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), од 11-13 Септември 2019 година во Скопје, одржува работилници за унапредување и засилување на приодот „Единствено здравство“ за управување со заразните болести на животните и  хуманата популација - зоонозите.

Активноста е со цел унапредување  на националниот капацитет на земјите за справување со приоритетните заразни болести (вклучувајќи ги и зоонозите) и изградба на заедничко делување меѓу здравствените системи во хуманата и ветеринарната медицина.

 

Се унапредува концептот „Единствено здравство“ за управување со зоонозите

 

Со работилницата ќе се согледаат и усогласат ставовите на Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на концептот Единствено Здравство. Од неа ќе произлезат и препораките за изработка на соодветни детални интегрирани акциони планови од проценките спроведени во секторот за здравство (Joint external evaluation of IHR core capacities - Рамка за следење и евалуација на критичните капацитети за имплементирање на Меѓународниот Здравствен Правилник, вклучително и мисијата за заедничка надворешна евалуација) и во секторот на ветеринарното здравство (Евалуација на капацитетот на ветеринарниот сектор). На ваков начин ќе се достигнат највисоките меѓународни и ЕУ стандарди на здравство и ветеринарно здравство во наредниот период, како заеднички приоритет на Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство. 

Ознаки
Категорија