Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува потрошувачите дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, он лајн се нуди и се продава производ Trex tea, чај за слабеење, за кој АХВ нема издадено Мислење за пуштање во промет како додаток на исхраната
Се отповикува следниот производ – УХТ млеко МИЗО 2,8% мм поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите...
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година, по 5-ти пат, се приклучува кон глобалното одбележување на 7-ми јуни - Светскиот ден за безбедност на храната под мотото “Безбедноста на храната е заедничка одговорност“.
Со појавата на Африканската чума кај свињите на територијата на европскиот континент, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија започна со донесување и спроведување голем број превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на Африканска чума кај дивите свињи, изготвување апликација за пријавување на угинати диви свињи.
Секој граѓанин има свое право да поднесе претставка или предлог до државните органи и јавните институции опфатени со Законот за постапување по претставки и предлози со цел да ги задоволи своите права и правни интереси
АХВ најостро ги демантира изнесените ставови на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ, на која обвинува дека надлежните државни органи дозволиле увоз на небезбеден зеленчук со концентрации на пестициди над максимално дозволените концентрации.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 - то Генерално Собрание на Делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави. 
Скоро половина од 566 претставки колку што минатата година биле поднесени до Одделението за заштита на потрошувачите се електронски. Според  статистичката евиденција која ја води Агенцијата за храна и ветеринарство, од година во година расте овој тренд, односно место писмено, усно или телефонски, граѓаните и правните лица, претставките до АХВ ги поднесуваат преку електронска пошта.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во својство на делегат, од 21 до 25 мај во Париз, Франција, учествува на јубилејното 90 Генерално собрание на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).
Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди ...