Одделението за меѓународна соработка и комуникација е надлежно за спроведување активности кои се поврзани со планирање на инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА) согласно приоритетите и потребите на Агенцијата, програмирање на инструментите за претпристапна помош на ЕУ, координација на подготовка на проекти, имплементација, следење на имплементацијата и еваулација на проекти и следење на друга странска помош и обезбедување на комплементарност, координација, мониторинг и евалуација на активностите за пристапување во ЕУ.
Одделението за меѓународна соработка и комуникација е одговорно за спроведување на официјалната комуникација која се одвива помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и институциите на Европската унија надлежни за Поглавје 12 - безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, Европската агенција за безбедност на храна, Светската организација за здравствена заштита на живоните, Кодекс Алиментариус и сите други меѓународни иституции и билатерална соработка со надлежни органи на други земји.
Во рамките на надлежностите на Одделението за меѓународна соработка и комуникација се и следните активности:
- координација во идентификување и формулирање на проектни задачи во однос на обезбедување на техничка помош од други меѓународни организации и фондови како и билатерални донации;
- следење, координација и управување со спроведувањето на техничката помош и реализацијата на проекти во Агенцијата за храна и ветеринарство и други национални институции опфатени со Поглавје 12, а кои се обезбедени преку меѓународни донатори;
- координација и учество на меѓународни настани и состаноци на меѓународни и билатерални донатори за планирање и реализација на проекти;
- обезбедување единственост на техничка помош која се реализира од страна на меѓународни донатори;
- насочување и поддржување на работата на странските експерти ангажирани на краткорочен, среднорчен и долгорочен период обезбедени од меѓународни инстуитуции/ донатори;
- координација и организација на работилници и презентации, согласно потребите и организира и учествува на семинари во организација од страна на меѓународни и билатерални донатори;
- координирање активности за обука при планирањето на техничката помош од различни меѓународни инстуитуции/ донатори;
- координација и организација на подготовка, изработка, потпишување и спроведување на билатерални договори;
- комуникација и коресподенција со служби на други земји надлежни за безбедност на храната и ветеринарната политика.