Одржана работилница за материјали кои доаѓаат во контакт со храната

15.11.2022
Одржана работилница за материјали кои доаѓаат во контакт со храната

Во првата половина на ноември 2022 година се одржа работилница за материјали кои доаѓаат во контакт со храна со цел зајакнување на институционалните капацитети за материјали и предмети кои доаѓаат во контакт со храна преку подобрување на знаењето за општите и специфичните барања за контрола на добрата производна пракса при производството на пластика, керамика и друг тип на материјали кои доаѓаат во контакт со храна, како и преку подобрена контрола на спроведувањето на добра производна пракса од страна на операторите со примена на контролни листи изработени во согласност со стандардите на Европската Унија.

На работилницата предводена од експертот Милада Сикова присуствуваа претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство од централно ниво и инспектори за храна инволвирани во контрола на материјали кои доаѓаат во контакт со храната како и оператори со храна кои вршат производство и/или увоз и дистрибуција на истите.

Дел од активностите се реализираа на терен при посета на оператор кој произведува пластични материјали кои доаѓаат во контакт со храната при што учесниците имаа можност детално да се запознаат со процесот на нивно производство и контрола.
 

Ознаки
Категорија