Оваа компонентата опфаќа активности поврзани со ризици засновани на официјални контроли за здравствена заштита на животните и за ветеринарно јавно здравство. Таа, исто така, предвидува интеграција и координација на горенаведените официјални контроли за надополнување на нивните резултати. Овие задачи ќе се остварат преку обезбедување обуки, подготовка на стандардни оперативни процедури (СОП), предлагање методологија за планирање и спроведување на програми за надзор и воспоставување на функционални системи за координација и комуникација меѓу активностите за здравствена заштита на животните и ветеринарното јавно здравство.
Активности
Активност А3.1 - Подобрен систем за пасивен и активен надзор на болести кај животните
Целта на активноста е подобрување на капацитетот за следење на болести кај животните. Оваа задача опфаќа ревизија на системот за надзор и мониторинг во земјата, вклучувајќи ревизија на постоечките планови за надзор и организирање обуки за приоритетните болести од листата А, Б и Ц
Активност А3.2 - Обезбедување комплементарност на програмите за надзор и контролните програми за здравствена заштита животните
Надзорот претставува континуирано, организирано собирање и анализа на податоци поврзани со здравјето на животните и нивна навремена дистрибуција до надлежните органи.
Активност А3.3 - Интеграција и координација на официјалните контроли за здравствена заштита на животните и ветеринарно јавно здравство
Интеграција и координација на официјалните контроли за здравствена заштита на животните и ветеринарно јавно здравство.
Активност А3.4 - Подобрен систем за официјални контроли во согласност со новата европска регулатива
Подобрен систем за официјални контроли во согласност со новата европска регулатива за официјални контроли.